Американската рок група Ганс ен` Роузис го прекина концерт во Абу Даби, затоа што му се слошило на пејачот Аксел Роуз.
Имено, на почетокот, Аксел им соопшти на обожавателите дека има проблеми со желудникот и дека бил пет часа на инфузија и цело време повраќал, но сепак се нафати да го почне настапот.
Неговата храброст траеше два часа, по што бендот мораше да го прекине концертот.
Рок групата Ганс ен` Роузис постои од 1985 година.