Ретката копија на „Хари Потер и каменот на мудроста“ беше проценета на 30.000 фунти. Книгата, една од само 500-те испечатени изданија со тврда корица, беше продадена од британски иселеник во пензија од Луксембург. Аукционерот Џим Спенсер ја опиша достигнатата цена на аукцијата, која се искачи на 75.000 фунти, со додадена премија на купувачот, како „вџашувачка“. Романот се продаде на аукцијата на „Хансонс“, во библиотеката „Стафордшир“, во вторникот.
Продавачот, кој сакаше да остане анонимен, рече дека ја купил книгата за своите деца околу 18 месеци по нејзиното прво објавување во јуни 1997 година, за да ги учи англиски јазик. Тој откри дека е „апсолутно воодушевен“ од продажбата.
– Книгите за Хари Потер се навистина иконски, на највисокото ниво на литература за деца, и ова прво издание може само да ја зголеми својата вредност во иднина – додаде тој.
Продавачот додаде дека планирал да искористи пари од продажбата за да ги исплати студентските заеми на неговата ќерка. Откако беше објавена на страната на „Хансонс“, со фотографија од книгата завиена во кујнска крпа, беше утврдено дека станува збор за прво издание, бидејќи има удвојување на фразата „1 волшебно стапче“ на страница 53 и број на изданието „10 9 8 7 6 5 4 3 2 1“. Од „Хансонс“ велат дека последната понуда дошла од приватен меѓународен купувач, кој лицитирал по телефон. Спенсер, кој се занимаваше со продажба на четири први изданија на „Хари Потер и каменот на мудроста“, вели дека тоа е највисоката цена платена на аукционерите за копија.
– Апсолутно сум воодушевен што книгата постигна толку извонредна цена за нашиот продавач. Се надевав дека ќе заработи 50.000 фунти, но зачудувачки е да се види како ја надмина сумата и достигна 60.000 фунти – вели продавачот.