Со затворените училишта и прекинот во деловните активности, откажаните конференции, конвенции и воведените ограничувања за движење, малкумина луѓе патуваат. За оние, пак, што мораат да патуваат, или кои планираат да патуваат годинава, претпазливоста се чини препорачлива. Засега патниците треба да носат маски, а авиокомпаниите можат да помогнат да се задржат меѓусебните растојанија со намалување на капацитетот во авионите, пишува „Арстехника“.
Ниту една авиокомпанија не се справува со неизвесната иднина на ист начин. Меѓутоа „Фронтир ерлајнс“ овозможува да добиете неколку скапоцени сантиметри простор за дополнителен надомест. „Фронтир ерлајнс“ со седиште во Денвер, Колорадо, е осма по големина авиокомпанија во САД, со летови до над 100 дестинации низ државата и до 30 меѓународни дестинации.
– Додека ние веруваме дека најдобрата мерка да ги одржуваме сите здрави е да бараме маска за лице, за оние кои сакаат празно седиште до нив за дополнителен душевен мир или едноставно дополнителен комфор ние сега нудиме ја нудиме можноста за повеќе простор – вели Бери Бифле, извршниот директор на „Фронтир ерлајнс“ во писмена изјава.
Дополнителниот надоместок за гарантирано празно средно седиште ќе чини помеѓу 39 и 89 долари, во зависност од дестинацијата. Ќе стапи во сила в петок и ќе трае барем до крајот на август, а можеби и подоцна.
Во задолжителните мерки за патниците спаѓаат покривање на лицето при влез во авионот, како и задолжително миење на рацете и здравствен преглед пред влегување во авионот. Но никој досега им наплаќа на патниците за дистанцирање.
Авиокомпанијата „Американ“ ги блокирала половина од средните места на своите летови, како и компанијата „Алјаска“. „Делта“ не само што ги блокирала резервациите за средните места, туку ги блокира и седиштата во другите конфигурации за патниците да имаат повеќе простор.
„Џет Блу“ го ограничува бројот на местата и ги прегледува закупените места и седиштата пред самиот лет, за да се обезбеди што е можно повеќе личен простор. „Саутвест“, која не им доделува места на патниците, го намали бројот на продадени билети на секој лет, така што сите средни седишта може да останат празни по влегувањето во авионот.
Нискобуџетната авиокомпанија „Спирит ерлајнс“ позната по тоа што им наплаќа на патниците дури и за рачниот багаж, вели дека ќе ги остави средните седишта празни „кога е можно“.