Тери Џонс, ѕвездата и основач на „Монти Пајтон“, почина на 78-годишна возраст, објави неговиот агент.
Зад Џонс останале сопругата Ана Садерстри и децата Сали (46), Бил (44) и Сири (10). Веста беше потврдена и од неговото семејство, објавувајќи дека со него биле до последен момент.
Пред неколку години на комичарот му била дијагностицирана деменција, објави неговиот син во 2016 година, но со текот на времето неговата болест се влошувала.
Џонс беше еден од основачите на легендарната група „Монти Пајтон“, а освен како актер работеше и како сценарист, продуцент, режисер, историчар, поет и автор на книги.