Дајана Риг, англиската актерка позната по своите улоги во „Игра на тронови“ и „Одмаздници“, почина од рак на 82-годишна возраст.
– Мојата сакана мајка почина утрово, опкружена со своето семејство. Во март ѝ беше дијагностициран рак, а последните месеци уживаше во обичен живот и беше опкружена со љубов – напиша ќерката на актерката.
Риг се прослави со улогата на Ема Пил во шпионската ТВ серија на Би-би-си, „Одмаздници“.
Во 1969 година, таа ја играше девојката на Бонд, Трејси ди Виченцо, во филмот „Во тајната служба на нејзиното височество“.
Јавност ја памети последно како Лејди Олена Тајрел во хит-серијата „Игра на тронови“.