Актерот од „Игра на тронови“ и „Егзорцист“ Макс фон Сидоу почина во својот дом во Франција, на 90-годишна возраст.
– Болката од неговото заминување е неопислива, нашите срца се скршени, тагата е неизмерна – рече неговиот агент, пишува „Скај“.
Карл Адолф „Макс“ фон Сидоу беше шведски актер со француско државјанство. Роден е во 1929 година во Лунд, Шведска.
Првиот брак му беше со Керстин Олин, а од 1997 година беше во брак со Кетрин Брелет, со која има две деца. Живееше во Лос Анџелес.
Тој глумеше во повеќе од 130 филмови, главно во споредни улоги на многу јазици, вклучувајќи шведски, норвешки, англиски, италијански, германски, дански, француски и шпански.
Тој е номиниран за два Златни глобуси, за Оскар за најдобар актер за улога во филмот во 1987 година „Пеле освојувачот“, и за Оскар за најдобар спореден актер за улога во филмот во 2011 година „Многу гласно и неверојатно блиску“.