Американскиот манекен Александар Вич (30) потрошил 10.000 долари за ласерско отстранување на влакна и хормонска терапија за да стане женско, но потоа се предомислил.
Три години живеел како жена со името Ариа, но во меѓувреме се предомислил, па сега повторно сака да биде маж.
Во еден период тој се обидувал истовремено да биде и маж и жена, но денеска тврди дека е среќен како маж. Според него да се биде трансродова личност не е ни малку лесно, туку е премногу стресно.
Вели дека во денешното општество е скапо да се биде жена, а конкуренцијата е голема.
Во него нешто се прекршило, кога минатата година во холивудскиот театар глумел трансродов лик, кој од жена станува маж. Тогаш сватил дека повеќе не може да живее како Ариа и одлучил дека сака повторно да стане маж.
-Јас не живеам во кутија и не дозволувам родовите норми да ми диктираат што да правам и да не ми дозволуваат да го прнајдам своето место под сонцето. Луѓето мислат дека сум нереален и недоследен, но јас навистина верував дека сум жена во машко тело. Откако повторно станав маж, сите ги коментираат моите големи гради, но напорно вежбам за да се ослободам од нив – вели тој за Дејли маил.
Признава дека се надева да пронајде партнерка која ќе го разбере и ќе го прифати неговото минато.
-Ако таа е вистинската, нема да и биде важно. И понатаму имам некои женски црти, немам влакна по телото, но тестостеронот ќе се погрижи повторно да се појават. Фокусиран сум на целосна промена во маж, но бидејќи ми требаа три години за да станам жена, сега е нереално да очекувам дека ќе успеам за 6 месеци да се вратам назад- вели тој.