Проектот „Ново име“, еден вид можност за сите млади од цела Македонија на јавноста да ѝ го претстават својот талент и со тоа да се изборат за поддршка за нивно унапредување, е стопиран поради пандемијата на коронавирусот, до следното известување.
Сите активности што, во рамките на проектот, се одвиваа во текот на март се стопирани, а ќе бидат продолжени кога условите ќе го дозволат тоа. Тоа значи дека е стопирано гласањето во актуелниот, трет циклус на овој проект, но сите пријави (кои се последни објавени на платформата novoime.mk) и натаму се валидни и ќе бидат повторно активирани штом повторно ќе профункционира системот на избор на нови имиња.
Проектот започна во јануари и досега поддржа две „нови имиња“ – титулата прво ја освои Сандра Туфеска (за цртање) од Демир Хисар, а победник на вториот круг е Влатко Иљачев (за пеење), кој живее во Богданци.
– Искрено се надеваме дека наскоро ќе можеме да продолжиме со иницијативата да ги поддржуваме младите таленти од Македонија и да им овозможиме да ги унапредат своите вештини и знаења, но, како општествено одговорна компанија, целта ни е тоа да го реализираме во услови што ќе бидат безбедни за сите нас – порачаа организаторите.
Проектот беше реализиран од страна на компанијата „ХТЛ Македонија“ и брендовите членки на групацијата „Новоматик“, со желба да поддржат и охрабрат млади таленти од територијата на цела Македонија да го претстават својот талент и да добијат поддршка за негово унапредување во вредност од 2.500 евра.