На Јутјуб деновиве се појави нова песна на починатиот шведски диџеј Авичи, со наслов „SOS“, којашто е дел од постхумниот албум, најавен за 6 јуни годинава. Песната е преслушана над 900.000 пати, а под видеото љубителите не престануваат да оставаат емотивни пораки за прерано починатиот музичар. Всушност, и самото видео е составено од коментари на обожаватели.
Вокалот е на Алое Блак, со кого Авичи соработуваше и во својот можеби најголем хит – „Wake Me Up“.
Диџејот лани си го одзеде својот живот во Оман.