Животни

Мачките може да бидат мистериозни за многу работи, но повеќето од нив дефинитивно мразат еден од основните елементи – вода. Штом ќе дојде во контакт со нивното крзно, тие стануваат агресивни. Но за секое правило постојат исклучоци, така што има и раси на мачки што всушност ја сакаат водата.
Мејн кун
Нејзиното крзно е водоотпорно. Во минатото, оваа мачка била задолжена за отстранување штетници на бродовите, што ја објаснува и причината поради која таа е навикната на вода.
Турска ван мачка
Таа има таков афинитет кон вода што многу сопственици бараат базени каде што би можеле да ја пуштат да плива. Таа ужива толку многу што го добила називот „пливачка мачка“.
Абисинска мачка
Оваа раса за првпат пристигнала во Европа од Антички Египет со брод. Нивната целосна удобност поврзана со водата веројатно произлегува од првичното патување преку океанот.