Доволен беше само еден збор најновиот анимиран филм на „Пиксар“ насловен „Напред“, да се забрани во четири земји на Блискиот Исток и да се цензурира во Русија. Овој семеен филм се смета за несоодветен за прикажување во: Кувајт, Оман, Катар и во Саудиска Арабија, каде што нема да биде прикажан, објави Би-би-си.
Полицајката Спектер, на која гласот ѝ го позајмува Лена Вајт, е првиот геј-лик на „Пиксар“ и на „Дизни“, кој отворено зборува за тоа. Таа во анимираниот филм, меѓу другото вели: „Не е лесно да се биде родител. Постојано си ја корнам косата поради ќерката на мојата девојка“.
Според пишувањето на „Дедлајн“, Русија ја цензурирала спорната реченица и зборот „девојка“ го заменила со „партнер“, за да се избегне споменувањето на полот.
Актерката Вајт во интервјуто за „Варајати“ признала дека забелешката за девојката била нејзина идеја.
– Се прашував дали можам да кажам девојка, дали тоа е во ред. Ми звучеше чудно. Имав дури и поинаков глас, но не ми изгледаше дека е во ред да кажам „сопруг“ и организаторите се согласија да кажам девојка – вели Вајт.
Дејството на филмот „Напред“ се случува во светот на фантазијата, поточно во едно предградие и се раскажува за двајца браќа, кои тргнуваат во авантура, откако мајка им им дава специјални подароци од починатиот татко. Меѓу нив е и едно писмо што може да го врати од мртвите.