Од продукцијата „Авалон“ го најавија првото светско име што во февруари ќе гостува во Скопје. Станува збор за младиот британски кантавтор Том Одел, кој стана светски популарен со песната „Another Love“. Тој на 13 февруари ќе одржи концерт во СРЦ „Кале“, во рамките на својата светска промотивна турнеја на втoриот албум насловен „Jubilee Road“ што излегува на 12 октомври.
– Том Одел доаѓа во Скопје да испорача едно суперквалитетно британско шоу. Сме имале можност да го гледаме во живо на некои регионални фестивали и тоа е перформанс што едноставно не смее да се пропушти – велат од продукцијата „Авалон“.
Сите детали околу влезниците ќе бидат објавени вечерва во 21 часот.