Сопственикот на приватниот резерват за животни „Маракеле предатор“ во Јужноафриканската Република се здоби со тешки повреди откако го нападна лав, пред очите на посетителите.
Шеесет и седумгодишниот Мајк Хоџ од Велика Британија бил превезен во болница со повреди на вратот и вилицата со кои се здобил откако влегол потполно незаштитен во
заградениот дел во кој се наоѓаат лавови.
– Мајк со еден од своите ренџери отиде до капијата да ја провери суспанцата со чуден мирис која ги вознемируваше лавовите. Тој има многу искуство и знае како да постапува со нив, но очигледно нешто тргна во погрешна насока – изјавил неговиот пријател.
Шокираните посетители во паника веднаш почнале да викаат, а лавот неколку минути откако го нападнал Хоџ бил усмртен со пушка – пренесува Дејли Меил.
Видео снимката создржи вознемирувачка содржина: