Страдањата во 1349-та година кога чумата збришала половина од светската популација, како и трагичните настани во 1918-та кога инфлуенцата однела 100 милиони животи, се неспоредливи со мизеријата што ја донела 536-та година, која е прогласена за најлоша година за живот на човештвото, според истражувањето објавено во магазинот „Саенс“.
Во најлошата година, пепелта од вулканска ерупција ги покрила Европа, Блискиот Исток и Азија со „покривка од темнина“ во период од 18 месеци, што предизвикало опаѓање на температурите, изумирање на растителните култури и изгладнување на луѓето до смрт.
– Тоа бил почетокот на еден од најлошите периоди за живеење – вели историчарот и археолог Мајкл Меккормик за магазинот „Саенс“.
Историчарите долго време се обидуваа да ја откријат причината за големите црни облаци кои ја покривале Земјата. Станува збор за масивна вулканска ерупција која се случија на Исланд и предизвикала темнина во период од неколку месеци. Подоцна во 540-та и во 547-та година две дополнителни ерупции придонеле за создавање на облаците од пепел.
Невообичаените појави ја блокирале сончевата светлина, со што растителните култури не успевале, а луѓето гладувале. Тоа придонело за преполовување на популацијата во Европа.