Славниот режисер Џим Џармуш во моментот работи на филмот „Тато нема да умре“, комичен зомби-хорор. Она што го прави единствен овој филм е спектакуларната актерска екипа, во која врие од познати фаци.
Мртвите почнуваат да стануваат од гробовите во еден мал американски град, а Бил Мареј и Адам Драјвер се шерифи чија задача е да дознаат што точно се случува.
Тука е и Тилда Свинстон, патолог, која одлично ракува со самурајски меч, а ќе ја видиме и пејачката Селена Гомез. Како еден од зомбијата се појавува и славниот рокер Иги Поп, како и многу други познати лица.