Нега и убавина
Плетенките се фризура што им одговара на сите годишни времиња, а со малку вежбање можат да бидат едноставни за правење и, што е најважно, секогаш изгледаат модерно. Неколку начини на плетење ќе бидат актуелни оваа сезона.
Плетенка – коњско опавче: кога немате идеја што да направите со својата коса, соберете ја во висока опашка, која подоцна ќе ја исплетете во плетенка. Истовремено изгледа елегантно, а одговара и со спортски комбинации.
Бебешки плетенки: тоа е назив за фризурата кога два тенки прамена што го врамуваат лицето, лабаво се сплетени во плетенки. Овој стил на почетокот на 21 век го врати во мода глумицата Маргот Роби на филмскиот фестивал во Кан и сѐ уште е актуелен. Потоа со иста фризура се појавија Дуа Липа, латиноѕвездата Керол и многу други.
Класични ниски плетенки: косата е поделена на два дела, исплетена во плетенки што почнуваат под линијата на брадата. Тоа е совршен начин за собирање на долгата коса, кога немате друга идеја за фризура.
Повеќе ситни плетенки: ситни плетенки собрани во опавче или комбинирани со пуштена коса, носат освежување во секојдневниот стил.