Стронгменот од Исланд, Хафтор Џулијус Бјорнсон, познат под прекарот „планината“, вчера стана татко на „силно“ момче.
Бјорнсон, кој тежи 190 килограми и го глумеше Сер Грегор Клигејн, односно „планината“, во познатата серија „Игра на тронови“, вчера сподели на социјалните мрежи дека неговата сопруга Келси Хенсон родила „силно и здраво“ момче, со тежина над три килограми.
– Раѓањето на нашиот син беше најмоќната работа што некогаш сум ја направила и ни го промени животот – напиша Хенсон на нејзиниот инстаграм-профил.
„Големи честитки!“, „Може ли да погледнеме 20 години подоцна и да видиме колку голем ќе стане неговиот син?“, „Детето ќе стане поголемо од мајка му за само два месеца“, „Малиот сигурно може да крене дупло од неговата тежина во дедлифт (дисциплина позната како „мртво кревање тегови“ – н.з.) уште сега“, „Да израснеш дете ќе биде потешко од кревањето 501 килограм во дедлифт, но ќе биде најневеројатно чувство во твојот живот“, се некои од коментарите кои ги добија новите родители на социјалните мрежи.
Бјернсон засега го нема објавено името на детето.
– Ние се одлучивме за име и одвај чекаме наскоро да го споделиме со сите – напиша Бјорнсон на Инстаграм
Бјорнсон стана татко по вторпат, тој има ќерка со неговата поранешна девојка, Телма Бјорк Штајман. По раѓањето на синот, Бјорнсон преку телефонски повик ја известил ќерка си за да ѝ ја пренесе среќната вест.