Наградуваниот британски писател Ијан Мекјуан се обидел да му помогне на својот син Грег да го анализира неговиот роман „Истрајна љубов“, што била задача на средношколски тест, кој бил изненадувачки слабо оценет, пренесува „Лос Анџелес тајмс“.
– Беше приморан да ја прочита книгата на татка си. Замислете, кутриот тој. Признавам дека го подучив и му кажав што треба да земе в обзир при пишувањето. Не го прочитав есејот, но се испостави дека професорот не се согласил со напишаното. Мислам дека беше оценет со три плус – објаснува Мекјуан.
По ова искуство, Мекјуан порача дека е малку несигурен дали неговите книги треба да бидат дел од школскиот материјал.