Бред Пит е оној што ги натера читателите на „Пипл“ да гласаат и официјално да биде именуван за Секси Емеритус – во конкуренција на Џорџ Клуни, Дензел Вашингтон, Роберт Редфорд и Идрис Елба.
Минатата недела, уредниците на престижното списание го прогласија актерот Мајкл Б. Џордан за најсекси маж на планетава за 2020 година.
Секоја година „Пипл“ прогласува најсекси маж. Оваа година, таа чест му припадна на Мајкл, но, има премногу секси мажи во светот за да се издвои само еден како најсекси.
Поради тоа, магазинот има десетина други категории во кои и други мажи одат дома со титула.
Читателите гласаа за најсекси мажи во повеќе категории од најсекси нов татко до најсекси маж со маска.
Добитници за 2020 година по избор на читателите се следниве:
Принцот Хари е најсекси „ројал“ или член на кралско семејство. Принцот Хари, кој се откажа од кралската титула на почетокот на оваа година, сè уште се смета за најсекси „ројал“. Тој го победи шведскиот принц Карл Филип, принцот Феликс од Луксембург, принцот Матен од Брунеи и неговиот сопствен брат принцот Вилијам.
Најсекси браќа – Крис, Лиам и Лук Хемсворт се избрани за најсекси браќа во светот.
Најсекси ѕвезда на малиот екран – Јенсен Аклс.
Најсекси спортист – Патрик Махомес.
Најсекси среќен маж – Рајан Рејнолдс.
Најсекси нов татко – Џо Џонас. Многу од славните станаа татковци за првпат оваа година. Џо Џонас, кој е оженет со Софи Тарнер, доби најмногу гласови во оваа категорија. Ги остава зад себе Ед Ширан, Артем Чигвинцев, Зејн Малик и Џошуа Џексон.
Најсекси ѕвезда на Јутјуб – Дејвид Добрик.