Според Гинисовата книга на рекорди
Пет шоп бојс е најуспешно дуо во британската поп музика според Гинисовата книга на рекорди. Тие до денес продадоа повеќе од 100 милиони плочи на глобално ниво. Триесет и пет години откако Пет шоп бојс го забележа првиот голем хит, овој бенд зазема специфично и завидно место во поп-универзумот. Тие се нашите сакани постари роднини со непогрешливо чувство за хитови, кои постојано слушаат нови музички склоности, притоа зачувувајќи ја аурата на изведувачи од друга ера, пишува Би-би-си.
– Нивното препознатливо и амбивалентно разбирање за успехот е освежувачко во време кога голем број уметници треба да викаат за да го свртат вниманието кон себе во дигиталниот свет – вели професорката Кирсти Ферклаф на Факултетот за уметност и медиуми при Универзитетот во Салфорд во Манчестер, Велика Британија.
Нил Тенант и Крис Лав не се активни на социјалните мрежи (освен преку внимателно управувани официјални профили), а нивното музичко партнерство останува препознатливо во моментот. Затворете ги очите и ќе ги видите како стојат еден до друг, можеби нема да носат капи со пораки на главата, но Лав сигурно ќе носи очила за сонце, наведува Би-би-си.
Тенант и Лав според Гинисовата книга на рекорди се најуспешно дуо во британската музичка индустрија затоа што со 44 хитови кои влегоа во британската топ 40 листа, а меѓу нив има и познати хитови и песни кои одбележаа една ера „West End Girls“, „It’s a Sin“ и други.
Доцните 1980-ти и раните 90-ти, кои Тенант ги нарекува „период на нивното владеење“, 12 од нивните песни влегле на американската листа „Билборд Хот 100“. Тие постигнаа уште поголем успех на листата на клупски Билборд, каде што дуото „Пет шоп бојс“ е петти најуспешен изведувач на сите времиња по Мадона, Џенет Џексон, Ријана и Бијонсе.