Драг Брате,
На 16 јуни 2016 се навршуваат пет години откога Ти нѐ напушти засекогаш. Останаа само спомени. Денес ни недостигаат твојата ведрина, оптимизам и хумор. И не само нам, на твоите браќа и сестри, туку на сите роднини, пријатели и познати, на сите оние што сакаа секое утро да те сретнат на страниците на домашниот печат и да им го разубавиш денот.
Затоа, денес, предлагаме до Републичкото собрание и Собранието на Град Скопје да донесат одлука за итно поставување камена спомен-плоча на куќата на аголот од улиците Дебарца и Никола Тримпаре, таму каде што си се родил, израснал, од каде што сите нас нѐ забавуваше и нѐ задолжи да го чуваме твојот спомен, затоа што радоста што со тебе влегуваше во нашите домови не се заборава. Тажна е земјата каде што се случува тоа.
Твоите, Оливера и Ненад
Каде е денес твојата радост, земјо моја?
Неговиот брат д-р Ненад Марковиќ, кој живее и работи во САД, по повод петгодишнината од заминувањето на великанот, реши со читателите на „Нова Македонија“ да ја сподели сѐ уште необјавената карикатура, насловена „Каде е денес твојата радост, земјо моја?“, која му ја подарил Дарко Марковиќ.