Некои песни едноставно не престануваат да ги инспирираат музичарите, па тие ги обработуваат со децении по нивното појавување. Тешко е да се пронајде сигурен извор за бројот на обработки на сите хитови што кога било се снимени, особено во светски рамки, но сајтот „Ху семплејд“ сепак нуди корисни податоци во врска со тоа. Тука може да се открие колку од нашите омилени нумери позајмиле од постарите песни, но и кои хитови најмногу се препеани.
Редоследот на 10-те песни што имаат најмногу обработки:
10. „Битлси“ – „Norwegian Wood“, 1965 г. (број на обработки: 206)
9. Џон Ленон – „Imagine“, 1971 г. (број на обработки: 218)
8. „Битлси“-„Here, There and Everywhere“, 1966 г. (број на обработки: 225)
7. „Битлси“ -„Blackbird“, 1968 г. (број на обработки: 232)
6. Хелен Џепсон – „Summertime“, 1935 г. (број на обработки: 243)
5.„Битлси“- „Michelle“, 1965 г. (број на обработки: 243)
4. „Silent Night“, 1818 г. (број на обработки: 254)
3. „Битлси“ – „And I Love Her“, 1964 г. (број на обработки:263)
2. „Битлси“ – „Eleanor Rigby“, 1964 г. (број на обработки: 349)
1. „Битлси“ – „Yesterday“, 1964 г. (број на обработки: 422)