Јужнокорејскиот филм „Паразит“ е добитник на четири оскари – за најдобар филм, најдобар странски филм, најдобра режија и за оригинално сценарио.
Ова е првпат филм од неанглиско говорно подрачје да освои „оскар“ за најдобар филм, а исто така и првпат еден азиски победник да ја добие престижната награда за најдоброто оригинално сценарио.
Во својот говор откако му беше доделен „оскар“ за оригинално сценарио, режисерот Бонг Џун-хо ја поздрави својата победа како посебна за неговата матична земја Јужна Кореја.
Бонг и Хан-џин одржаа кратки говори, во кои зборуваа и англиски и на нивниот мајчин јазик со преведувач.
– Благодарам, голема е честа. Пишувањето сценариото е секогаш осамен процес, ние никогаш не пишуваме да ја претставуваме нашата земја… Но, ова е многу лично за Јужна Кореја, благодарам – истакна Бонг.