Епидемијата на коронавирус е сеприсутна тема на глобално ниво и, како таква, во секојдневниот јазик воведе голем број поими и фрази што порано не биле вообичаени надвор од професионалната комуникација. Подолу ви претставуваме мал речник од зборови поврзани со коронавирусот.
Ковид-19 – болест предизвикана од нов тип коронавирус наречен САРС-Ков-2 (тежок акутен респираторен синдром, коронавирус 2), кратенка од англискиот збор coronavirus disease, на која е додаден бројот 19, затоа што болеста е откриена во 2019 година.
Дезинфекција – уништување микроорганизми на површината на телото или на предмети извршено со физички или хемиски процеси; деконтаминација.
Дијагноза – стручно медицинско мислење за болест или патолошка состојба што се прави врз основа на историја, прегледи и симптоми.
Епидемија – ненадејно ширење заразна болест кај популацијата во одредени области за краток период.
Епидемиологија – медицинска дисциплина што ги проучува појавата, ширењето и факторите на заболување кај луѓето и ги применува своите увиди за решавање здравствени проблеми.
Хидроалкохолен раствор – средство за дезинфекција изработено од етанол, средство за хидратација, навлажнувач и вода што се нанесуваат на вашите раце; ефикасно против бактерии, мувла и вируси.
Инфекција – навлегување, населување и множење на микроорганизми во ткивата, на ткивните површини или во телесни простори на организмот; исто значење има и заразата.
Инфекција на респираторниот тракт – заразна респираторна болест предизвикана од вдишување вирус од надворешното опкружување. Респираторната инфекција има исто значење.
Инфодемија – изобилство информации, пред сѐ поврзани со ширење лажни вести, дезинформации и теории на заговор поврзани со коронавирусот во медиумите, на интернет или на социјалните мрежи.
Инкубација – времето од инфекција до првите симптоми на болеста.
Изолација – издвојување на заразените пациенти од околината и престој во посебна болничка област за да се спречи ширењето на инфекцијата.
Карантин – изолација на потенцијално заразени лица од околината за да се утврди дали се заразени и дали им е потребна изолација; потекнува од италијанскиот збор карантина (40 дена).
Корона – колоквијално име за коронавирусна болест, т.е. ковид-19.
Коронофобија – страв од коронавирусот.
Корона-криза – негативно влијание врз економијата предизвикано од пандемичен коронавирус.
Коронаманија – коронавирусна опсесија.
Корона-мерки– низа процеси во економијата што бараат да ги ублажат загубите предизвикани од пандемијата на коронавирус.
Корона-шопинг – неконтролирано купување големи количества намирници и други материјали предизвикани од коронофобија.
Коронавирус (САРС-Ков-2) – еден од видовите на вирусот со исто име што предизвикува коронавирусна болест, т.е. ковид-19.
Коронавируси – семејство на вируси што имаат единечна ДНК и липиден плик во форма на круна; можат ги да заразат птиците и цицачите, а во последно време и луѓето.
Пандемија – епидемија од големи размери, ширење на болеста во повеќе земји, цел континент, на повеќе континенти или целиот свет.
Паника – неконтролиран страв предизвикан од реална или замислена опасност, често придружена со ментални или физички реакции (отежнато дишење, срцебиење, треперење и сл.).
Самоизолација – куќна изолација на лица што имаат симптоми на инфекција или лица што не покажуваат симптоми на инфекција, но кои биле во епидемиски погодени области или биле во контакт со заразени лица.
Цивилна заштита – систем на активности за заштита и спасување луѓе и имот при несреќи, катастрофи, воени и терористички уништувања.