Поглаварот на Руската православна црква патријархот Кирил денеска изјави дека капацитетот на уредите за собирање на податоци, како што се паметните телефони, ризикува човештвото да го забрза доаѓањето на антихристот.
Во интервјуто за руската државна телевизија, патријархот Кирил рече дека црквата не се противи на технолошкиот напредок, но е загрижена дека некој би можел да знае точно каде сте, да знае што точно ве интересира, од што се плашите и дека таквите информации би можеле да бидат искористени за централизирана контрола, пренесува АП.