Геолозите во Канада откриле дека античкиот континент, познат како Северноатлантскиот кратон, бил за 10 проценти поголем од постојната процена, според неодамнешното истражување на канадски научници.
Истражувачите од Универзитетот во Британска Колумбија го откриле ова додека проучувале дијамантски примероци од најголемиот канадски остров Бафин, кои во таа пригода идентификувале нов дел на антички фрагмент од кората на Земјата, познат како Северноатлантскиот кратон, кој се движел од Шкотска до Северна Америка и се урнал пред 150 милиони години.
Научниците откриле дека примероците што ги анализирале имаат „минерален потпис“, прикажан во други делови на тој конкретен кратон, голем блок на Земјината кора што го формира јадрото на континентот.
Геологот Маја Копилова од Универзитетот во Британска Колумбија и водечка авторка на истражувањето, вели дека минералниот состав на другите делови на Северноатлантскиот кратон бил толку уникатен и дека соседните антички кратони во северна Канада покажале различни минералогии, а дека откритието на нејзиниот тим било „како пронајдок на делот што недостигал во сложувалката“.
Како што се наведува, додека претходните процени за големината и локацијата на Земјините плочи се засноваа на релативно плитки примероци земени до 10 километри под земја, при ова истражување се испитувале карпи извлечени од длабочина од 200 километри.