Чарли Шин е се помалку баран од продуцентите на филмови и серии, откако пред две години јавно призна дека е ХИВ позитивен, па веќе се чини, не може да плаќа алиментација за четирите деца со двете поранешни сопруги – Дениз Ричардс и Брук Милер.
Шин (52), кој има две ќерки со Ричардс и два сина близнаци со Милер, тврди дека не може да најде стабилна работа, оти во повеќе погледи е „ставен на црната листа“ од страна на забавната индустрија.
Освен четирите малолетни деца, Шин има уште една ќерка со неговата девојка од средно, Пола Спирт, со која бил пред повеќе од 30 години.
Во минатото, тој имаше проблеми со дрога, алкохол и проститутки, а пред неколку години лекарите открија и дека е ХИВ позитивен.
Во февруари годинава глумецот стави на продажба неколку од неговите луксузни живеалишта.