Познатиот музичар Ози Озборн (71) во интервју за „Добро утро Америка“ зборуваше за неговото здравје и откри дека страда од Паркинсонова болест, која му била дијагностицирана во февруари 2019 година.
Тој истакна дека изминатиот период бил тежок за целото семејство.
– Откако ја одработив новогодишната ноќ (2019) претрпев сериозен пад. Морав да одам на операција на вратот, за време на која ми беа оштетени одредени нерви – рече легендарниот рокер.
За време на интервјуто, на кое присуствуваше и неговата сопруга Шерон, тој откри дека боледува од Паркинсова болест тип 2, пренесува британски „Метро“.
– Имате добар ден па добар ден, а потоа многу, многу лош ден – објасни неговата сопруга Шерон.
По повредата, Ози ги откажал настапите и светската турнеја и се посветил на лекувањето.
Ова е прв пат Ози да потврди дека има болест за која долго се нагаѓаше. Тој додаде дека не знае дека чува тајни и затоа решил да зборува отворено за сè.