Обожавателите на Род Стјуарт се во одбрана на пејачот, откако неговото име било користено за да го опише претседателот Доналд Трамп од страна на републиканскиот стратег Тери Саливан.
Тери Саливан го споредил претседателот Доналд Трамп како „Род Стјуарт меѓу политичарите“ поради што обожавателите се навредиле.
Дописничката на Белата куќа, Меги Хаберман, го споменала цитатот на Тери во нејзиниот денешен напис во „Њујорк тајмс“.
– Трамп е Род Стјуарт меѓу политичарите – тој можеби продолжува со нов материјал, но длабоко во себе знае дека неговите обожаватели сакаат само да ја слушнат „Разбуди се Меги“, па затоа продолжува да ја свири истата мелодија од едноставна причина што не може да ја поднесе мислата дека на публиката не ѝ се допаѓа неговиот настап – објави Саливан на Твитер.
Фановите по објавата на Твитер почнале да го бранат пеачот затоа што бил споредуван со Трамп.
Актерот Џон Елс твитна: „Оставате Род Стјуарт на мира“
Потоа напишал: „Немој ни да помислиш да го омаловажуваш овој бог на рокот!“
Колумниска и режисерка Аиша Султан коментирала: „Оставите го Род Стјуарт на раат. Тој не ја заслужува оваа лоша аналогија што јас дури и нема ни да ја повторам.“
Друг напишал: „Трамп не е Род Стјуарт меѓу политичарите. Род имаше долга и успешна кариера со многу хитови “.
Други пак посочија дека споменатиот хит на Род се вика „Меги Меј“, а не „Разбуди се Меги“. По што Тери Саливан веднаш објавил: „Очигледно разбудив некого од спиење. Обожавателите на Род Стјуарт. Извинете, сега сфатив дека е Меги Меј.“