Начинот на кој осите ги положуваат своите јајца се нова инспирација за научниот свет.
Група научници во Холандија следејќи го начинот на кој осите ги положуваат јајцата ќе дизајнираат нов алат за операции.
Алатите што моментално се користат во оваа постапка често се затнуваат. Болното ткиво често се извлекува со техника на вшмукување, а затнувањето на алатите многу често создава проблем.
Новиот уред, кој се основа на положувањето јајца кај осите, веднаш го вади болното ткиво и не може да се запуши.
Осата своите јајца ги положува во ткиво на живо суштество. Острилото на осата има три сечила што функционираат како вентили што прават дупка во домаќинот и таму ги транспортираат јајцата. Потоа ларвите на осата го јадат живото ткиво одвнатре.
Тимот од Универзитетот за технологија „Делфт“ има работен прототип. Прототипот има туба со шест сечила и функционира со тоа што полека, малку по малку го вади болното ткиво и притоа не се запушува.
Научниците се надеваат дека алатот ќе биде спремен за секојдневна употреба за неколку години.