Научниците развија нов метод на анализа на крвта, кој ќе овозможи откривање на ракот уште во рана фаза и ќе може да се утврди кој орган е заболен, се вели во студијата објавена весникот „Аналс оф онколоџи“. Според она што се наведува во статијата, со новиот тест на крвта ќе биде можно да се идентификуваат повеќе од 50 вида рак.
Новиот метод бил развиен од страна на научниците од Институтот за онколошки истражувања во Бостон, а тие се потпирале врз студијата за слободна циркулација на ДНК, која се јавува во крвната плазма по смртта на клетките, вклучувајќи ги и клетките на ракот. За време на развојот на новиот метод се користела и вештачка интелигенција, која била програмирана да бара одредени комбинации во низа податоци. Вештачката интелигенција најпрво добила податоци од ДНК од 2.800 пациенти, додека во следната фаза добила податоци уште од 3.000 пациенти, од кои половина имале рак. Системот точно го утврдил присуството на рак во 44 проценти од случаите, а дијагнозата била поточна, бидејќи болеста била во понапредна фаза. Во 93 отсто од оние случаи во кои бил утврден карцином, новата анализа прецизно утврдила и кој точно орган е заболен.
Во истражувањето се наведува дека новиот метод во моментов клинички се тестира. Според еден од авторите на истражувањето, Џефри Окснадро, методот мора да се тестира на независна група луѓе изложени на ризик од карцином, за реално да се докаже можноста за откривање разни видови карцином.