Се чини дека археолошкото откритие во австралискиот регион Пилбара навестува дека барем дел до библиската приказна што го опишува создавањето на светот е вистинит, пишува „Дејли експрес“. Според весникот, научниците испитувале парче карпа што со векови почивало на дното на океанот покрај хидротермален вентил, проучувајќи го односот на изотопите и кислородот содржани во карпата.
Научниците дошле до заклучок дека во праисторијата речиси воопшто немало копно и дека планетата речиси целосно била прекриена со вода, додека на поединечни места извирале врвови од карпи. Континентите се формирале многу подоцна во текот на тектонските движења.
Се чини дека овие заклучоци, доколку се потврдат, сугерираат дека Библијата во еден дел е точна, и тоа делот во книгата на постанувањето што опишува како бог го создал светот. Меѓутоа, научниците тврдат дека Земјата била под вода пред околу 3,2 милијарди години, а дека копното се формирало во наредните милијарда години, додека Библијата наведува дека тој процес траел три дена.