Авторката Кендис Бушнел тврди
Авторката на книгата „Сексот и градот“, Кендис Бушнел, ги уверува обожавателите дека новoто издание на серијата, кое е најавено, ќе функционира одлично и без една од ѕвездите, Ким Катрал, пренесува „Индипендент“.
„Ејч-Би-О“ неодамна објави дека серијата, која се емитуваше од 1998 година до 2004 година, овој пат ќе добие нова верзија во форма на минисерија со 10 епизоди, во која ќе се обединат Сара Џесика Паркер, Синтија Никсон и Кристин Дејвис, без Ким Катрал.
Обожавателите коментираа дека без ликот на Саманта серијата ќе го изгуби духот, но Бушнел ги уверува дека нивната загриженост е неоснована.
– Ким треба да биде среќна и мислам дека е среќна. Мое мислење е дека нејзиниот лик Саманта секогаш ќе биде инспирација за останатите ликови. Така, некако си замислувам дека ликот на Саманта ќе биде присутен духовно и ќе биде инспирација за останатите ликови, ќе им даде можност да ја истражуваат својата сексуалност и дека тоа е во ред. Ким е возрасна жена. Има 64 години и донесе одлука, за која сум сигурна дека нашла 10 добри причини и ја почитувам поради тоа. Исто така мислам дека новата серија ќе биде интересна – рече писателката.