Четириесет и двегодишната актерка Розамунд Пајк, позната по својата способност да одигра мрачни ликови, откри дека нејзиниот последен филм, комичниот трилер на „Нетфликс“ „Многу се грижам“, била нејзината најтешка улога досега. Во филмот таа морала да снима сцени каде што била заробена во автомобил под вода, заедно со нуркач. И покрај тоа што, според Пајк, тоа било „најпредизвикувачкото“ филмско искуство во нејзината кариера, имало моменти на „паника“ за време на тешките сцени, пренесуваат медиумите.
– И покрај тоа што вашиот мозок знае дека само глумите, вашиот нервен систем не знае дека вие глумите кога се борите и ви изминува времето додека се обидувате да ја извадите главата од автомобилот а цела сте под вода – изјавила Пајк за весникот „Вест аустралијан“.
Актерката додала дека имала моменти на екстремна вознемиреност каде што и требала одредена поддршка.
– Имаше моменти после околу три или четири снимања на сцените, кога ќе побарав кислород, при што требаше да ја држам за рака мојата помошничка нуркач, како таа да ми требаше за да ми ја регулира мојите панични напади – рече актерката.
Во „Многу се грижам“ Пајк ја игра негативката Марла Грејсон, која заработува работејќи како законски старател на ранливите стари лица, кои ги измамила. Нејзината измама станала опасна по нејзиниот живот кога кога дознава дека нејзината клиентка Џенифер (Дајан Вест) е мајка на водачот на руската мафија.