Тројцата научници, Џејмс Публс, Мајкл Мејлор и Дидијер Клоз, се добитници на Нобеловата награда за физика за 2019 година. Тие се наградени за „темелни“ откритија за универзумот.
Тие ова престижно признание го добиле за своето истражување за историјата и структурата на универзумот, соопшти денеска шведската Кралска академија по науки во Стокхолм.
-Нобеловата награда им е доделена на Џејмс Публс, Мајкл Мејлор и Дидијер Клоз, за унапредување на нашето разбирање на универзумот и нашето место во него – стои во соопштението.
Тие заедно беа наградени за работата на еволуцијата на универзумот и откривањето на далечна планета околу Сонцето како ѕвезда во 1995 година. Победниците ќе ја поделат наградата од девет милиони круни (738,000 фунти).
Џејмс Публс, од универзитетот Принстон во Њу Џерси, беше почестен за неговиот придонес во разбирањето на еволуцијата на универзумот и местото на Земјата во космосот.
На Мајкл Мејлор и Дидијер Клоз им беше доделена наградата за пронаоѓање на 51 Пегаси б, гасен гигант кој орбитира околу ѕвезда, оддалечен 50 светлосни години.
Мејлор и Клоз се од Швајцарија, а Публс е Американец со потекло од Канада.
Тие наградата ќе ја примат денеска на церемонијата во Стокхолм.