По големиот број негативни вести за неговиот банкрот или за неговиот син, кој имал проблеми со алкохолот и со полицијата, конечно стигна вест дека холивудскиот глумец Николас Кејџ направил нешто вредно за пофалба. Тој ја одиграл можеби најдобрата улога во својата кариера, сметаат филмските критичари, кои премиерно го погледнале неговиот хорор-трилер „Менди“.
– Атмосферата на мистериозниот хорор-трилер „Менди“ го покажа единствениот талент на Кејџ и неговиот енигматичен интензитет, чиј финален ефект е фантастичен. Ова е најдобар филм на оскаровецот – напиша еден од критичарите, додавајќи дека кадрите со Кејџ и неговата глума се феноменални.
Во филмот Николас го игра ликот на Ред Милер, кој живее во дивина со жена си Менди. Но идилата, која трае уште од 1983 година, се прекинува кога Менди ќе ја убие лидерот на злосторничка секта, по што го принудува Ред на одмазда…
Филмот е пофален како едно од ретките одлични хорор-дела во последно време и е наречен аудиовизуелно чудо. Сите се согласуваат дека најдобриот дел е како Кејџ ги одглумил бесот и несреќата на ликот што го толкува.