Британската кралица Елизабета Втора има вработен член на кралскиот персонал кој е задолжен за контрола на температурата и висината на вода во нејзината када, тврди „Експрес“. Ова станало дел од нејзината строга дневна рутина по немилиот настан што се случил на нејзината постара сестра, принцезата Маргарет во 1999 година.
Принцезата тогаш имала 68 години и ги изгорела стапалата додека влегувала во када за време на одмор на карипскиот остров Мустик.
– Принцезата Маргарет ги изгорела стапалата во несреќен случај на одмор во Мустик – истакнал портпаролот на кралското семејство по тогашниот инцидент.
По несреќниот случај, принцезата Маргарет се вратила назад во Велика Британија за да се опорави во Виндзор.
На огласот за вработување за член на кралскиот персонал задолжен за проверка на температура и висина на водата во кадата за бањање на кралицата имало и дополнителни објаснувања за обврските и одговорностите. Тие се однесуваат и на внимателното мерење на температурата на водата во кадата со термометар. Покрај тоа, висината на водата во кадата не треба да е повисока од 17 сантиметри.
Платата за тоа работно место изнесува 14.200 фунти годишно.
Другите одговорности и обврски вклучени за ова работно место се пеглањето облека за гостите, грижа за нивниот накит и сортирање на садовите за чај и појадок.