Тетовирањето на човекот има фасцинантна и долга историја. Порано табу, а денес на нив се гледа како на уметност. Најстарата тетоважа позната на човештвото му припаѓа на ледениот човек Утци, кој живеел во периодот од 3370 до 3100 година пр. н.е. Неговото тело, пронајдено на Алпите, е прекриено со 61 тетоважа, направени од едноставни точки и линии.
Еден од најстарите рецепти за приготвување на мастилото за тетовирање содржи кора од египетски бор, кородирана бронза, оцет, исцеден праз и јајца од инсекти. Нов Зеланд е земја во која населението има најмногу тетоважи. Тоа е поради традицијата и културата на Маорите.
Во времето на Советска Русија, некои затвореници ги тетовирале ликовите на Сталин и Ленин. Ваквите тетоважи не биле за да се покаже лојалност кон овие лидери, туку доколку бидат осудени на смрт, стражарите не смееле да ги стрелаат, бидејќи било нелегално да се пука во слики на кои се нивните национални лидери. Грегори Пол Мекларен го држи Гинисовиот рекорд на човек со најмногу тетоважи по телото.
Неговото тело е 99,9 отсто истетовирано, вклучувајќи ги внатрешноста на неговите очни капаци, устата и ушите. Поради брзата регенерација, тетоважите направени на внатрешната страна на устата полека исчезнуваат од устата на нивните сопственици. Поради ова тетоважите ги снемува во рок од една до пет години.