Истражување спроведено на околу 25.000 луѓе низ светот покажало дека беспарицата не само што се одразува на образованието туку има и негативен ефект врз интелигенцијата
Сиромаштијата, за жал, може да има негативно влијание не само врз образованието туку и врз намалување на коефициентот на интелигенција, покажало истражувањето на научниците од универзитетот „Остин“ во Тексас и Шкотскиот универзитет во Единбург. Научниците се обиделе да ја утврдат врската помеѓу овие два фактора, кога откриле дека тие биле во поголема спрега во Америка отколку во Европа и во Австралија.
Како што навеле истражувачите, тие ваквите податоци ги добиле по пат на анализирање на 25.000 луѓе од различни држави во светот. Притоа се открило дека, бидејќи постои здравствена заштита за сите во европските земји, тоа помага да се премости социјално-економскиот јаз меѓу богатите и сиромашните, што, пак, има позитивно влијание врз интелигенцијата и образованието.