Брокула и аспарагус за нега на кожата
Сѐ повеќе сме свесни дека храната што ја јадеме има големо влијание врз нашата кожа, без разлика каква е.
– Ако имате сува кожа што се лупи, треба да го зголемите внесувањето закуски што содржат маснотии, а ако страдате од акни и мрсна кожа, храната со висок гликемиски индекс може да ви помогне да го подобрите тенот – вели дерматологот Витни Боуи.
Според неа, брокулата е одличен извор на витамин Ц, а аспарагусот е добро познат пробиотик. Пробиотиците инаку се важни за здравјето на кожата бидејќи исто така се поврзани и со дигестивниот систем, а целата храна што ги зајакнува цревата и ја подобрува нивната работа е исто така одлична за кожата.
Исто така, ладно цеденото маслиново масло е одлично за кожата, за хидратација. Може да се консумира во салати или да се нанесува локално на кожата.
– По оброк, два-три реда темно чоколадо, богато со антиоксиданти, се препорачува бидејќи полифенолите што ги содржи помагаат во неутрализирање на слободните радикали и се борат против оксидативниот стрес – вели Боуи.
Ако, пак, барате овошје богато со антиоксиданти, се препорачува калинка.