Нега на лицето со маска од мандарина
Мандарината претставува идеално овошје за зајакнување на имунитетот и за намалување на килограмите. Се препорачува за концентрација и ментална јасност, но сѐ повеќе се користи и за нега и убавина.
Мандарината е богата со антиоксиданти што спречуваат ослободување на слободните радикали и оштетување на кожата, па затоа е одлично средство за нега на лицето. Со разградување на бета-каротинот од мандарина се синтетизира витамин А, кој е одговорен за потемнета кожа. Мандарината исто така ќе ви помогне да го зачувате младешкиот изглед на вашата кожа – благодарение на богатството на антиоксиданси.
Од мандарина можете да си направите и маска за лице.
Ако имате екстремно сува кожа, измешајте сок од мандарина со жолчка од јајце, лажица мед и маслиново масло. Нанесете на лицето, вратот и деколтето. Држете половина час, а потоа исплакнете со млака вода. Ако кожата ви е мрсна, измешајте мандарина со три лажички крем, лажичка јогурт и неколку капки сок од лимон. Држете ја оваа маска на лицето 20 минути, а потоа исплакнете со млака вода.