Направете маски за лице со летно овошје
Летото ни нуди голем избор на разновидни овошки, па затоа сега е идеално време за приготвување природни и ефикасни маски за разубавување.
Маска од лубеница: Потребни се две резанки лубеница без семки. Измиксирајте ја лубеницата во блендер, а потоа смесата намачкајте ја на лицето. Оставете ја смесата да стои 15 минути, а потоа измијте го лицето со топла вода. Лубеницата е моќен антиоксидант и ќе направи лицето да изгледа чисто и посветло.
Маска од грозје: Потребни се еден помал грозд, една лажица мед и една жолчка. Покрај својот единствен вкус, грозјето е богато со антиоксиданти и со витамини. Најпрво изматете ги состојките во блендер, а потоа намачкајте ја сместа на лицето. Нека стои 15 минути, а потоа исплакнете го лицето со вода. Ќе изгледате многу посвежо.
Маска од праска: Потребни се една праска и една лажица маслиново масло. Излупете ја праската, изрендајте ја и исцедете го сокот. Додајте го маслиновото масло и нанесете ја на лицето. По 15 минути измијте се со вода. Маската е погодна за сите видови кожа. Се препорачува оваа маска да ја ставате барем еднаш неделно, а со тоа кожата на лицето ќе добие сјај.