Глорија Вандербилт американска наследничка, модна икона и дизајнерка почина на возраст од 95, објави нејзиниот син кој е новинар во Си-Ен-Ен, Андерсон Купер.
Таа беше правнука на финансиерот Корнелиус Вандербилт, а нејзиниот живот беше застапен на сензационалните насловни страници на магазините уште од нејзиното детство, преку нејзините четири брака и три разводи. Таа беше единствената ќерка на магнатот Реџиндалд Вандербилт и неговата втора жена. Таа беше во центарот на скандалозна борба за старателство на 1930-тите и позната дизајнерка на фармерки во 1970-тите и 1980-тите години.
Ја започна својата кариера како театарска актерка и модел. Подоцна се сврте кон работата на моден дизајнер, во што беше многу успешна. Особено популарни беа фармерките со нејзиниот потпис. Постои, исто така, парфем којшто го носи нејзиното име.
Си-Ен-Ен објави дека таа починала во нејзиниот дом, а боледувала од рак на стомакот.