Создавачот на Интернет, Тим Бернерс-Ли, предупредува за внимателност и борба против дезинформациите, злоупотребата и кражбата на податоци, како и прекршувањето на правата кои секојдневно се случуваат на Интернет.
Тој стравува од создавањето на „дигитална утопија“ кое може да се случи во иднина, доколку светот не успее да се справи и избори со заканите кои постојано демнат онлајн, пренесува „Си-ен-ен“.
Бернерс е британски компјутерски научник кој го достави неговиот прв предлог за „систем за управување со информации“ во 1989 година, ги постави темелите на модерниот Интернет, повикувајќи компаниите, владите и поединците да направат заштита на Интернет, со девет клучни принципи. Овие принципи имаат за цел да ги заштитат интернет-корисниците од закани.
– Доколку не успееме да го заштитиме Интернет од постојаните закани, постои опасност од формирање на дигитална дистопија и злоупотреба на приватноста и правата на луѓето – напиша на Твитер Ли за време на конференција што се одржа во Берлин.
Во претходна изјава на веб-страницата на неговата фондација, тој за Интернет кажа дека претставува „една од дефинирачките можности која го обележала нашето време“, посочувајќи дека постојано треба да се соработува со цел да се спречи неговата злоупотреба од страна на оние кои сакаат да ги експлоатираат другите и да предизвикаат раздор меѓу луѓето.
Во неделата, Договорот на Бернерс го потпишаа „Фејсбук“, „Гугл“ и „Мајкрософт“, како и 160 други компании. Поддршка дадоа и неколку земји, меѓу кои Франција, Германија и Гана.
Договорот ги обврзува владите, поединците и компаниите кои се потписници да почитуваат три главни принципи. Владите треба да им обезбедат пристап до Интернет за сите граѓани, како и заштита на основните права и заштита на податоците. Компаниите исто така мора да бидат поддржувачи на човековите права.
На индивидуално ниво, луѓето треба да имаат моќ да градат силна онлајн-заедница, како и да можат да заштитат одредена група луѓе кога таа е маргинализирана или злоупотребена.
Годинава, Бернерс објави отворено писмо за одбележување на триесетгодишнината од создавањето на Интернет, повикувајќи ги сите да се борат за Интернет кој ќе биде воден со квалитет, можности и креативност.