Принцот Хари и Меган Маркл ги блокирале сите коментари на Инстаграм, а во исто време, најавија дека ги затвораат своите социјални медиуми и нивната веб-страница, како и дека прават пауза следните неколку месеци пред да го испланираат својот следен потег, е мислење на кралските експерти.
Меган и Хари неодамна се преселија во Лос Анџелес, по официјалното излегување од кралството семејство минатата недела. Додека обожавателите можеби очекуваат кралската двојка веднаш да се зафати со нови проекти, се чини дека парот можеби ќе се притаи на одредено време, пишува „Експрес“.
– Одеднаш на 31 март, што многу бргу дојде до нас, беше информацијата дека парот го објави почетокот на нивниот транзициски период дури за следната година на Инстаграм. Тоа всушност е порака со која велат и нам ни е потребен одмор – смета познавачот на приликите во кралското семејство Омид Скоби.
Сепак, парот нема намера да го избрише својот профил на Инстаграм и наместо тоа ќе го остави за архива, како и веб-страницата на „Сасекс Ројал“. Портпаролот на Меган и Хари ја објасни нивната одлуката.
– Војводата и војвотката од Сасекс повеќе нема да го користат името Сасекс Ројал за нивната добротворна организација, Инстаграм или веб-страница. Профилот на Инстаграм и веб-страницата ќе останат на Интернет во блиска иднина, иако тие ќе бидат неактивни – објави портпаролот на двојката.