И оваа година Рио де Жанеиро, од 21 до 26 февруари, се ниша во ритамот на самбата. Освен неколку илјади учесници, во градот има и околу два милиони гости. Познатиот „Самбадром“ во Рио де Жанеиро повторно е центар на најголемиот, најлуд и највесел карневал на светот.
Прославата почна во петокот, со крунисување на дебелиот крал Момo, кој доби сребрен и златен клуч на градот од градоначалникот на Рио, Рио Марсело Кривел.
Големиот број туристи 24 часа се на улиците на Рио, навечер, во експлозија на бои и музика, се одржуваат натпревари на најдобрите. Во жестока конкуренција, се оценуваат кореографиите, атмосферата, костимите, организацијата и пеењето.
Сепак годинава бразилскиот претседател доби и критики од десничарскиот претседател Жаиро Болсонаро, кој ја презеде функцијата лани во јануари. Меѓутоа, повеќето учесници се аполитични и се фокусирани на уживање, а не на политика.