Истражувачката станица на Антарктикот ја измери највисоката температура досега на тој континент, додека глобалното затоплување предизвикува зголемени стравувања од топење на мразот.
Базата „Есперанца“ во северниот дел на Антарктико, измерила 18,3 степени – највисока температура во историјата, објави Светската метеоролошка организација.
– Ова не е вредност што нормално би ја поврзале со Антарктикот, дури и на лето. Температурата го собори рекордот од 17,5 степени во 2015 година – рече портпаролот на Светската метеоролошка организација, Клер Нулис во Женева.
Таа предупреди дека количината на мраз што годишно се губи на Антарктикот се зголемила за шест пати од 1979 до 2017 година.