Погрешниот одговор во сообраќајот може да биде фатален во овој случај. Повеќето би се согласиле дека ова е најтешкото прашање на возачкиот испит што некој може да го добие.
Прашањето поради кое многумина паѓаат на теоретскиот дел од возачкиот испит е дали знакот „стоп“ има посилна забрана во однос на „превртениот триаголник“. Уште поголем проблем е што поради истата таа дилема, многумина со возачка дозвола на раскрсница предизвикуваат сериозни несреќи со загинати и повредени.
Тоа прашање веќе долго време предизвикува контроверзии на социјалните мрежи. Од идните возачи се очекува да одговорат точно кое возило има предност и по кој редослед.
Меѓу возачите постои еден сосема неоснован и многу опасен став за меѓусебниот однос на знакот „стоп“ и „превртениот триаголник“.
Не постои правило дека знакот „стоп“ има посилна забрана од „превртениот триаголник“, па затоа возачите што имаат „стоп“ поминуваат последни. Тоа е сериозна и опасна заблуда.
На Твитер се појави слика со точниот одговор на прашањето. Тоа е следното: „На приложената раскрсница, право на предност најпрво има црвениот автомобил, потоа синиот што оди право, а дури потоа жолтото возило што врти лево“.