Ричард Овертон секое утро станува рано. Неговиот негувател му помага околу утринските рутински работи, а потоа тој ги зема цигарите и се подготвува за уште еден ден. Вчера го прослави 112-сеттиот роденден.
Тој е најстар маж во Америка и најстар воен ветеран.
– Ништо не ме боли – вели за Далас Њуз, а неговата дневна рутина е навистина неверојатна.
Секое утро негувателот ќе му свари по неколку шољи кафе. Ги пие со по три лажички шеќер и со пластично цевче. Сака благо. Јаде вафли и палачинки за доручек. Ужива во сладолед, пишува Максим.
Има четири негуватели кои се менуваат на 12 часа. Тие работат сè, од масажа до мешање на неговиот омилен пијалак – виски и кола.
Во 2017 година Овертон наводно извадил пиштол бидејќи не го препознал негувателот. Дошла полиција и успеала да го смири.
Овертон ги надживеал повеќето членови на неговото семејство, а за смртта не се грижи посебно.
– Не знаев кога дојдов овде, не знам ниту кога си одам…Тоа се божји работи – рече Овертон во документарецот на Нешенел географик.