Доколку сакате да патувате и да истражувате, без разлика дали ќе се најдете во близина или на некоја од овие туристички атракции, имајте на ум дека последиците може да бидат сериозни.
Честопати сакаме да истражуваме работи што не се лесно достапни или сами по себе се опасни. Ви издвојуваме едни од најопасните туристички атракции во Европа, каде што многу туристи се нашле во неволја поради невнимание.
Ел Каминито дел Реј во Шпанија
Ел Каминито дел Реј е убава, предизвикувачка, но крајно опасна и смртоносна атракција. Станува збор за дрвена патека закачена за стрмните карпи во кањонот близу селото Ел Чоро, во шпанската покраина Малага. Таа била изградена за да им се олесни на работниците да се движат од едната на другата страна, а поради несреќите што се случувале таму беше затворена до 2015 година.
Патеката е широка само три метри, а многу љубопитни туристи, и покрај забраната, ја тестирале својата среќа и се искачиле за да стигнат до врвот на планината. По континуирана работа на безбедноста на патеката, властите сепак одлучија да ја отворат атракцијата во 2015 година, па ако се најдете таму, бидете внимателни.
Мон Блан во Франција
Иако сите го знаеме како еден од највисоките врвови во Европа, Мон Блан е навистина опасен, бидејќи таму годишно загинуваат повеќе од 100 луѓе. Љубителите на екстремните спортови го сакаат затоа што искачувањето таму е предизвик, но често се случуваат несреќи.
Причина за тоа се честите промени во временските услови, ненадејни лавини и бури, како и одрони од карпите. Бидете претпазливи ако го искачувате, затоа што има многу скриени пукнатини покриени со снег, а ветрот може да достигне брзина и до 95 километри на час.
Трки со бикови во Шпанија
Шпанија е позната и по друга опасна туристичка атракција што предизвикува сѐ повеќе полемики, а станува збор за трките со бикови. Иако оваа шпанска традиција датира од 14 век, денес сѐ повеќе луѓе протестираат против овој настан поради големиот број повреди на луѓе и животни.
Традиционално се одржуваат низ улиците на шпанскиот град Памплона, а ги посетуваат повеќе од десет илјади посетители. Целта е да се надмине бикот и честопати се случува луѓето да бидат прегазени или, уште полошо, избодени со рогови во различни делови од телото.
Чернобил во Русија
По експлозијата во Чернобил во 1986 година, целиот свет беше зачуден од размерот на катастрофата. Ефектите од зрачењето оставија голем белег на областа, па дури и денес има прашања на кои одговорите не се познати.
Многу љубопитни луѓе го посетуваат со детектори за зрачење за да разберат барем малку за каква катастрофа станува збор, но доколку сте таму, не заборавајте да ги следите упатствата, бидејќи може да наидете на многу опасни области.
Камената формација Тролтунга во Норвешка
Многу добро е познато на што се подготвени некои луѓе само за да добијат совршена фотографија. Едно такво место каде што многумина си играат со својот живот е камената формација Тролтунга во Норвешка.
Дури на 1.400 метри надморска височина, оваа карпа е прекрасен примерок за фотографирање, а посебна е по тоа што се протега хоризонтално. Таа нуди поглед на езерото Рингедалсватнет, а за искачување се потребни 12 часа. Секоја година таму се забележуваат дури по 40 спасувања.
Отровна градина во Англија
Доколку сте љубител на цвеќето и хортикултурата и навистина уживате во убаво уредени градини, една таква се наоѓа во Англија, во близината на замокот Аник во Нортамберленд.
Се разликува од другите по тоа што содржи само отровни растенија, со што сопственичката Џејн Перси, војвотката од Нортамберленд, е исклучително горда. Повеќе од 100 смртоносни растенија растат во градината, а допирањето е строго забрането. Не е невообичаено отровните испарувања од растенијата повремено да ги онесвестат посетителите, па затоа претпазливоста таму никогаш не е доволна!